Данска ќе повлече половина од нејзините трупи во Авганистан

Премиерот на Данска Хелен Торнинг Шмит најави дека земјата ќе повлече повеќе од половина од нејзините трупи во Авганистан во август, една година порано од предвиденото. Според неа, една единица од покраината Хелманд ќе биде повлечена, без да биде заменета како што беше планирано.
Во Авганистан ќе останат само околу 300 дански војници.