Сириската опозиција нема да преговара со режимот на Асад

Новиот привремен сириски премиер Хасан Хито

Новиот привремен сириски премиер Хасан Хито изјави денеска дека нема да има дијалог со режимот на претседателот Башар ал Асад. Говорејќи во Истанбул по неговиот избор од страна на опозицискиот сириски Национален совет тој порача дека седиштето на владата ќе биде во реоните контролирани од бунтовниците во северна Сирија и повика на меѓународно признавање.
Се очекува Хито во наредните денови да ги избере министрите. Според аналатичарите, се уште не е јасно дали бунтовниците ќе го прифатат авторитетот на владата.