Филе со пофалби до Косово

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе упати пофалба до Косово за напорите кои ги вложува за подобрување на односите со Србија. Филе подоцна треба да се сретне со косовските лидери на кои ќе им ја пренесе поддршката на ЕУ за одржување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Филе посебно ја истакна работата на премиерот Хашим Тачи и ги повика жителите на Косово да бидат подготвени на компромис и консензус за земјата да напредува во европската интеграција.