Кипарската влада го ревидира планот за оданочување на депозити

Протестите во Кипар против мерките на владата

Кипарската влада по низата критики го ревидира планот за оданочување на банкарските депозити. Се очекува парламентот денеска да гласа за предлог-законот со кој штедачите ќе плаќаат 9,9 отсто данок на депозитите кои изнесуваат над 100 илјади евра, како и данок од 6,75 отсто за депозити меѓу 20 илјади и 100 илјади евра.
Владата се надева дека на овој начин ќе успее да собере 5,8 милијарди евра, а за возврат ќе добие помош од меѓународната заедница во износ од 10 милијарди евра со кои би се спречил банкрот на земјата.