Устоличен Папата Франческо

Устоличување на папата Франческо

На свечената церемонија на плоштадот Свети Марко, Папата ги доби сите обележја и стана 266-ти Понтиф на Римо-католичката црква.
Папата Франческо денеска и официјално стана 266-ти понтиф на Римо-католичката црква. Тој ја предводеше свечената миса на плоштадот Свети Марко во Ватикан, на која присуствуваа десетици илјади луѓе, вклучувајќи и многубројни државни делегации, како и претставници на други религии.
Присуствуваше и Патријархот Вартоломеј, што е прв пат еден православен христијански патријарх да присуствува на миса за устоличување на Папа од Големата Шизма, односно поделбата христијанството во 1054-та година. На цермонијата, Папата Франческо го доби така-наречениот рибарски прстен, кој ја симболизира Светата столица, односно улогата на Папата како пастир на околу 1,2 милијарди католички верници.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Папата Франческо

Лидерот на Католичката црква мора да ги отвори рацете и да ги заштити сите чеда господови, исткана Папата Франческо пред насобраните на плоштадот Свети Петар, посебно спомнувајки ги сиромашните и болните.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Устоличување на папата Франческо