Кипарската берза ја запира работата до четврток

Банка на Кипар во Никозија

Кипарската берза соопшти дека денеска и утре ја запира работата .
Мерката е донесена за да биде спречен пад во работата на берзата и за да
бидат заштитени инвеститорите, соопшти раководството на берзата.
Банките во Кипар, исто така, остануваат затворени, а сите кредитни операции се
запрени до четврток.