Проблеми со водата за ладење во Фукушима

Четири резервоара за гориво на оштетената јапнска нуклеарка Фукушима од синоќа биле без свежа вода за ладење.
Како што е соопштено, во тек се поправки на централата. Токиското Електростопанство TEPCO соопшти дека температурите во резервоарите се во рамките на безбедното ниво и оти тие можат да останат четири дена без вода. Фукушима беше сериозно оштетена од земјотресот и цунамито во 2011. Портпаролот на TEPCO изјави дека во најлош случај, постои резервен систем за вбризгување на вода.