Инаугурација на новиот папа

Папата Франческо денеска ќе биде инаугуриран на миса на која се очекува присуство на десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Со тоа тој и формално ќе стане лидер на околу милијарда и 200 милиони римокатолици во светот.
Меѓу државниците кои ќе присуствуваат на настанот ќе бидат и Кристина Кирхнер, претседателка на Аргентина, родната земја на папата, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот потпретседател Џо Бајден, како и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Се очекува и присуството на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, што ќе биде прв пат еден поглавар на православната црква да учествува на инаугуративна миса, од разидувањето на двете цркви во 1054 година.