Сириската опозиција избра привремен премиер

Од состанокот во Истанбул

Сириската опозиција рано изутрината на состанокот во Истанбул го избра Гасан Хито за премиер кој ќе биде на чело на привремена влада. Се очекува Хито да ги избере министрите во наредните неколку дена. Опозициската Сириска национална коалиција се надева дека оваа влада ќе може да ги администрира териториите кои бунтовниците ги презедоа од режимот на претседателот Башар ал Асад.
Според аналитичарите, сеуште е нејасно дали бунтовниците кои се борат против силите на Асад во Сирија ќе ја прифатат власта на привремената влада.
Хито е роден во 1963 година во Дамаск и живеел во САД со децении.