Десет години од инвазијата врз Ирак

Од обраќањето на Џорџ Буш на 5-годишнината од инвазијата врз Ирак

Денеска се одбележува 10-годишнината од американската инвазија врз Ирак. Една деценија по инвазијата, со која беше соборен Садам Хусеин, безбедноста во Ирак сеуште е кревка, со повремени напади од страна на бунтовници, иако вкупното насилство е многу намалено во текот на годините.
По тој повод, Комитетот за заштита на новинарите го соопшти бројот на новинари и помошен медиумски персонал кои загинале за време на покривањето на настаните од војната во Ирак. Студијата покажува дека најмалку 150 новинари и помошен персонал, како што се возачи и преведувачи, биле убиени во конфликтот меѓу март 2003-та и декември 2011-та година.