Русија бара осигурување за ракетниот систем на САД

Руските власти соопштија дека промените во американскиот одбранбен ракетен систем се потврда дека им е потребно правно обврзувачко осигурување од Вашнгтон дека нивниот систем не е насочен кон Русија. Новата стратегија на САД е да одржи ракети со долг отстрел во Полска во наредната деценија како дел од ракетниот штит на НАТО, што наиде на неодобрување од Русија.
САД соопштија дека ќе додадат дополнителни пресретнувачи на Аљаска и радарска станица во Јапонија за да и се спротистават на заканата од Северна Кореја.