Лидерот на курдските бунтовници најавува историска вест

Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан

Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан изјави дека мировните преговори со Турција бележат напредок и дека планира на 21 март да објави историска вест, кога се слави курдската Нова година, Невруз. Во пораката, која ја пренесоа пратеници од прокурдската Партија за мир и демократија, Оџалан, нагласува дека турскиот парламент треба да ги усвои реформите за поддршка на мировните напори.
Се очекува Оџалан кој отслужува доживотна казна затвор да ги повика курдските бунтовници да прогласат прекин на огнот и да почнат да се повлекуваат од Турција.