Започна дијалогот за помирување во Јемен

Започна дијалогот во Јемен, кој е поддржан од ОН со цел да се отвори пат за новиот Устав и изборите во земјата во наредната година. Повеќе од 500 претставници од неколку политички партии ќе учествуваат во дијалогот во главниот град Сана.
Но, некои фракции од јужниот дел на Јемен ги бојкотираат разговорите. Илјадници лица протестираа против иницијативата, при што еден од учесниците бил убиен од страна на безбедносните сили во Тарим.