Индонезиска авиокомпанија купува 234 авиони од Ербас

Индонезиската авиокомпанија Лион Ер ќе купи 234 авиони од Ербас за 18,4 милијарди евра. Првите авиони ќе бидат испорачани во наредната година. Компанијата Лион Ер започна да работи со еден авион во 1999 година и е првата приватна авиокомпанија во Индонезија и во моментов поседува 94 авиони.