Сиријската опозиција во Истанбул избира привремен премиер

Сиријската опозиција го започна состанокот во Истанбул на кој треба да избере лидер на привремената влада за областите кои веќе не се под контрола на режимот на претседателот Башар Ал Асад. На состанокот присуствуваат членови на Сиријската национална коалиција, опозициона група која е принаена од неколку земји и организации како легитимен претставник на сиријскиот народ. За премиерската функција има 12 кандидати. Сиријскиот конфликт, пред вде години најнапред започна со мирни протести против режимот на Асад, но подоцна се претвори во граѓанска војна во која досега загинаа над 70 илјаду луѓе, околу милион ја напуштиле земјата, а 4 милиони се интерно расселени.