Повик за забрана на Златна зора

Лидерот на Златна Зора Николаос Михалолиакос

Претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лаудер ги повика грчките власти да ги забранат активностите на неофашистичката партија Златна Зора.
Во својот говор во синагога во Солун, на комеморација во чест на жртвите на Холокаустот, Лаудер го повика грчкиот Парламент да ја прогласи за незаконска партијата Златна зора. „Денес, иако имаме мир, не е се мирно. Евреите имаат причина да се загрижени. Не поради можно истребување, туку поради екстремизам и фанатична идеологија, идеологија која пред 70 години донесе уништување. Мислам на Златна зора“, изјави Лаудер.