Американските конзервативци со анкета за нареден претседателски кандидат

Ренд Пол

Во САД веќе се расправа кој ќе биде наредниот кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во 2016 година. Само неколку месеци по реизборот на претседателот Барак Обама на функцијата, конзервативните активисти вчера одржаа неофицијална анкета. Првата позиција на гласањето на конференцијата ја зазема сенаторот од Кентаки Ренд Пол со 25 отсто од гласовите.
Пол неодамна привлече внимание со тоа што 13 часа говореше пред Конгресот во знак на протест против администрацијата нa Обама која одбива да даде детали за беспилотната програма.