Обама го честиташе изборот на нова влада во Израел

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама упати честитки кон Израел за формирањето на нова влада. Белата куќа соопшти дека Обама се надева на добра и блиска соработка со новата влада со цел да ги унапредат нивните заеднички интереси за мир и безбедност.
Обама најверојатно во среда ќе отпатува во посета на Израел .