Договорен составот на комисијата за настаните од 24 декември

Протестите на опозицијата по настаните на 24 декември

Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рената Треновска Десковска и Љубомир Фрчковски од СДСМ се членовите на ад-хок комисијата за утврдување на фактите за настаните од 24 декември. Членовите беа договорени на консултативната средба меѓу генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Македонија, Борис Јосифовски и генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и на СДСМ Андреј Петров.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот, во текот на разговорите биле разменети мислења и за претседателот на комисијата.