Годишнина од нападот на Халабџа

Споменикот посветен на жртвите од нападот.

Жителите на ирачкиот град Халабџа денеска ја одбележаа 25-годишнината од убиството на илјадници Курди од страна на режимот на Садам Хусеин. Луѓето носеа слики од роднини убиени во нападот во 1988 година кога ирачки авиони испуштија хемиски гасови врз градот. Три четвртини од жртвите биле жени и деца, со што тоа е еден од најлошите напади од таков вид врз цивили во историјата. Цел на нападот биле курдски бунтовници кои му пружале поддршка на Иран во осумгодишната војна со Ирак. Организаторот на нападот, Али Хасан ал-Маџид, познат по прекарот „хемичарот Али“, беше обесен во 2010 година по падот на режимот на Хусеин. Американскиот Национален совет за безбедност денеска повика да се направат напори „за да се спречат идни вакви злосторства.“