Вук Јеремиќ исклучен од Демократската партија на Србија

Вук Јеремиќ.

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и актуелен претседавач со Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, синоќа беше исклучен од Демократската партија (ДС).
Партијата донесе ваква одлука откако високиот функционер на партијата и поранешен министер за надворешни работи, одби да го врати пратеничкиот мандат.

Несогласувањата и исклучувањата од ДС почнаа откако Драган Ѓилас беше избран за претседател на оваа партија, а раководството побара пратениците кои во претходната влада имаа високи функции да го вратат пратеничкиот мандат.

Од партијата е исклучен и поранешниот министер за земјоделие, Душан Петровиќ.