Пакистан - во автобуска несреќа загинале најмалку 20 војници

Архивска фотографија - пакистански војници.

Повеќе од 20 пакистански војници загинале во автобуска несреќа во северозападната покраина Кибер Пактунква. Официјалните власти соопштија дека автобусот паднал во длабока клисура во близина на патот додека патувале за Гилгит. Според властите во несреќата загинале најмалку 23 војници. Се уште не е позната причината за несреќата.