Продолжуваат консултациите за настаните од 24 декември

Собраниската говорница на 24 декември 2012.

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Македонија, Борис Јосифовски и генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и на СДСМ Андреј Петров денеска треба да ги продолжат консултациите за формирање експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември.

Првата средба во ист формат, се одржа вчера на покана на Јосифовски.

На средбата се разговарало за досегашните активности во насока на формирање на експертска комисија, согласно договореното.