Одложено враќањето на тројца астронаути

Евгениј Тарлекин

Денешното враќањето на Земјата на двајца руски космонаути и еден американски астронаут од Меѓународната веселенска станица е одложено за еден ден поради лошото време во Казахстан. Руската вселенска агенција Роскосомос соопшти дека капсулата Сојуз не може да слета поради снежно невреме во близина на предвиденото место. Русите Олег Новицки и Евгениј Тарлекин, како и американецот Кевин Форд се на Вселенската станица од минатиот октомври. По нивното заминување во станицата ќе остане тричлен екипаж: русин, канѓанец и американец.