Ли Кечијанг и официјално премиер на Кина

Ли Кечијанг и Си Џинпинг

Кинескиот парламент денеска го избра Ли Кечијанг за премиер, еден ден откако Си Џинпинг беше наименуван за шеф на државата, со што заврши транзицијата на власта која во наредните 10 години ќа ја води Кина. 57 годишниот Ли за кој се смета дека е добар економист, доби 99,69 насто од гласовите на 3000 присутни делегати. Новиот премиер кој доаѓа на местото на Вен Џиабао вети дека ќе работи на намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните и на заштита на животната средина.