СБ на ОН загрижен поради состојбата на либанско-сириската граница

Советот за безбедност на ОН изрази сериозна загриженост поради шверцот со оружје од Либан кон Сирија и оружените престрелки преку либанско-сириската граница.
При усвојувањето на оваа декларација е забележан редок случај на единство во Советот кога е во прашање сириската војна. Русија и Кина ги блокираа трите претходни резолуции чија цел беше да се притисне сирискиот режим да преземе акција за прекин на двегодишниот конфликт. Во новата декларација, Советот за безбедност соопшти дека е сериозно загрижен поради повторените инциденти и прекугранични престрелки во кои има загинати и ранети либански граѓани, како и упади, грабнувања и шверц преку либанско- сириската граница.
Советот повика на целосно почитување на либанскиот суверенитет и територијален интегритет.