Обама: Иран е се поблиску до нуклеарно оружје

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Иран е на приближно една година од изработка на нуклеарно оружје и оти САД продолжуваат со сите опции на маса за да го спречат тоа. Обама ова го рече вчера во интервју за една израелска телевизија пред неговото патување во оваа земја, закажано за идната недела. Белата Куќа соопшти дека посетата ќе ја нагласи блискоста на американско- израелскиот сојуз.
Советникот на Обама, Бен Роудс изјави дека Иран, сириската војна и израелско- палестинскиот конфликт ќе бидат темите за кои Обама ќе разговара со израелскиот претседател Шимон Перез и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Тој исто така ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Западниот Брег, како и со кралот Абдула во Јордан. Тоа ќе биде прво патување на Обама во Израел како претседател.