Избран нов гувернер на Централна банка на Косово

Бедри Хамза

Косовското собрание вчера со гласовите на владеjачкото мнозинство, за нов гувернер на Централна банка на Косово, го избра Бедри Хамза. Пратениците на Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа и оние на Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, пред гласањето ја напуштија салата. Според нив, со изборот на Хамза за гувернер се политизира Централна банка на Косово и ќе може да се нарече Банка на Демократската партија. Со неговиот избор, сметаат тие, Демократите под нивна партиска контрола ги имаат сите витални инситуции во земјата.
Бедри Хамза до јануари, кога си поднесе оставка, беше министер за финанси, и е висок функционер во владејачката Демократска партија на Хашим Тачи.