Челзи и Тотенхем се провлекоа

Фернандо Торес беше стрелец на третиот гол за Челзи

Фудбалерите на сеуште актуелниот европски првак Челзи се пласираа во четвртфиналето на Лигата на Европа, откако во реваншот ја совладаа Стеауа со 3:1. Првиот натпревар во Букурешт заврши со победа на Романците од 1:0. и другиот англиски претставник Тотенхем одвај се пласира во натамошните борби. Синоќа Интер беше подобар со 4:1 по продолженијата (во првиот натпревар Тотенхем победи со 3:0), но поради голот во гости Тотенхем го продолжува натпреварувањето. Во другите натпревари од осминафиналето се постигнати следните резултати:
Рубин- Леванте 2:0 (по продолженија)
Зенит- Базел 1:0
Њукасл- Анжи 1:0
Бордо- Бенфика 2:3
Лацио- Штутгарт 3:1
Фенербахче- Плзењ 1:1
Во четвртфиналето, освен Тотенхем и Челзи, се пласираа и Бенфика, Лацио, Њукасл, Базел, Рубин и Фенербахче.