Застрелана истакната активистка во Пакистан

Пакистанската полиција соопшти дека вооружена група застрелала истакната активистка за социјални права во Карачи. Первин Рахман одела накај нејзинот дом кога била убиена од вооружени напаѓачи на моторцикл. Локалната полиција соопшти дека 54 годишната Рахман била четири пати застрелана во градите и починала на пат кон болница.
Таа беше предводник на невладина организација која се занимава со санитација, проблеми од областа на здравството и со микро-финансирање на проекти во сиромашните квартови на градот.