Претседателските избори во Ерменија не биле лажирани

Рафи Хованисијан

Ерменскиот суд го отфрли тврдењето на поразениот претседателски кандидат Рафи Хованисиjан дека резултатите од изборите во минатиот месец биле лажирани. Според судот, одлуката на Централната изборна комисија дека немало нелегални активности на гласањето е исправна.
Хованисијан во неделата започна штрајк со глад и го повика новименуваниот претседател Серж Саркисјан да се повлече од функцијата.