Зголемена бројката на загинати во експлозите во Багдад

Бомбашките напади во Багдад

Бројката на загинати лица при серијата на експлозии во центарот на Багдад се искачи на 18, а околу 30 се повредени. Ирачките власти соопштија дека најверојатно се работи за координирани експлозии, кои се случиле во близина на неколку владини згради.
Според нив, по нападите милитанти се обиделе да влезат во министерството за правда при што се судриле со безбедносните сили. Ниту еден вработен во министерството, не бил повреден, бидејќи тие навреме биле евакуирани. Се уште никој не ја презема одговорноста за организирање на нападите.