Индија му забрани на италијанскиот амбасадор да ја напушти земјата

Манмохан Синг

Индискиот Врховен Суд му забрани на италијанскиот амбасадор Даниеле Манчини да ја напушти земјата поради растечкиот спор околу судбината на двајцата италијански маринци обвинети за убиство на индиски рибар минатата година. Судот од Мачини побара и објаснување зошто Рим не сака да ги врати маринците во Индија за да се соочат со судски процес. Одбивањето, според индискиот премиер Манмохан Синг пак, е кршење на дипломатските правила.