Еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон денеска пристигна во Косово на средби со политичките лидери за дијалогот меѓу Приштина и Белград кој се води во Брисел. Српскиот претседател Томислав Николиќ во понеделникот изјави дека е постигнат договор за поголема автономија во северно Косово. Косовскиот премиер Хашим Тачи ги негираше тврдењата на Николиќ. Во меѓувреме, српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на извори од Белград и Приштина, денеска објави дека бил постигнат договор за Заедницата на српски општини, но дека и двете страни побарале од Европската унија уште малку време за да ја подготват својата јавност.