Абас на средба со Путин

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Абас вчера пристигна во градот на четиридневна посета. Кремљ соопшти дека двајцата претседатели на средбите ќе разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток како и за изгледите за продолжување на мировните преговори меѓу палестинците и израелците. Во владиното соопштение е наведено дека Русија ужива „историски пријателски односи“ со палестинскиот народ и соопшти дека Москва со нетпрение го очекува договореното подобрувањето на трговската размена меѓу двете земји.