Лавров-нелегално е вооружување на сириските бунтовници

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со неговиот британски колега Вилјам Хејг во Лондон предупреди денеска дека вооружувањето на сириските опозициски сили е нелегално. Запарашан како ќе реагира доколку некоја од западните земји на сириските бунтовници им обезбеди оружје Лавров рече дека тоа е спротивно на меѓународното право кое не дозволува таков вид на помош на невладини субјекти.
Британија вчера соопшти дека ја разгледува можноста за заобиколување на ембаргото за вооружување на ЕУ со цел да им помогне на сириските бунтовници.