Парламентот на Тунис и изгласа доверба на новата влада

Премиерот на Тунис Али Ларајед

Туниските законодавци и изгласаа доверба на новата влада предводена од Исламистичката партија Енахда. Премиерот на земјата Али Ларајед изјави дека новата влада која ќе и служи на земјата до наредните избори била поддржана од 139 пратеници од вкупно 217 членови на Парламентот.
Неговиот претходник Хамади Џебали поднесе оставка од премиерската функција по атентатот на секуларниот политичар Чокри Белаид на 6 февруари, што резултираше со немири во земјата.