Ештон утре во посета на Косово

Високиот преставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон

Високиот преставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон утре ќе го посети Косово, каде ќе се сретне со премиерот на земјата Хашим Тачи, претседателот Атифете Јахјага и со лидерите на политичките партии.
На средбите најверојатно ќе стане збор за дијалогот меѓу Приштина и Белград и наредната средба на Тачи со српскиот премиер Ивица Дачиќ закажана за 20 март.