ИВЗ го откажа протестот за Бурмали џамија

Бурмали џамија

Протестите планирани за 15 март за прашањето на Бурмали џамија, Исламската верска заедница ги одложи на неопределно време.
Како што пренесуваат медиумите на албански јазик во Македонија, одлуката за тоа ја донел Ријасетот на ИВЗ на Република Македонија на вчерашната вонредна седница, откако темелно ја анализирал создадената ситуација во текот на изборната кампања за локланите избори, како и последните инциденти во земјата.
- Ние како ИВЗ се согласуваме и сме подготвени, по локалните избори, заедно со владините инситуции, посебно со албанскиот субјект партиципиент во власта, да разговараме за решавање на нашите барања, вклучувајќи го и адекватното решение за обновување на Бурмали џамијата, велат од ИВЗ и уште еднаш апелираат до муслиманските верници да не учествуваат на протести без организатори.