Боинг ќе ги тестира батериите на авионите 787 Дримлајнер

Американските регулатори ги одобрија плановите на Боинг за поправка на литиум-јонските батерии во авионот Дримлајнер 787. Авионите од овој тип се приземјени од 16 јануари откако се запали батеријата во еден паркиран авион во Бостон, а проблеми со батеријата доведоа до принудно слетување на ваков авион во Јапонија. Иако фабриките сè уште го произведуваат авионот 787, Боинг губи по околу 50 милиони долари неделно поради приземјувањето. Федералната администрација за авијација соопшти дека планот за сертификација на батеријата предвидува низа тестови, кои мора да бидат спроведени пред авионите да се вратат во сообраќај.