Изведувачите на Бољшој во одбрана на нивниот колега

Павел Дмитриченко

Повеќе од 300 изведувачи од Бољшој театарот се ставија во одбрана на нивниот колега Павел Дмитриченко, кој е обвинет за организирање на нападот врз уметничкиот директор на институцијата. Во отворено писмо до претседателот Владимир Путин и владата е наведено дека идејата оти Дмитриченко брутално би го нападнал директорот е апсурдна.
Според нив, заклучоците на истражителите биле неубедливи, а признанието на Дмитриченко било резултат на силен притисок врз него.