Марш во чест на Зоран Ѓинѓиќ

Маршот во чест на Ѓинѓиќ

Повеќе од 15 000 лица денеска маршираа во чест на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во 2003 година. Ѓинѓиќ беше застрелан од снајпер на 50 годишна возраст пред владата во Белград. Повеќе од десетина националистички паравоени припадници и членови на банди беа осудени за убиството.
Ѓинѓиќ имаше клучна улога во соборувањето на претседателот Слободан Милошевиќ и неговата екстрадација во Хашкиот трибунал. Додека беше премиер на земјата од 2001 до 2003 година Ѓинѓиќ спроведе низа реформи кои Србија ја вратија на патот кон европската интеграција.