Парламентарни избори во Гренланд

Гласањето на претходните избори во Гренланд

Жителите на Гренланд денеска гласаат на парламентарните избори во земјата. Рударството, кинеското влијание и животната средина се централните прашања на изборите. Островот има многу природни ресурски кои не се искористени, како ретките минерали, кои со топењето на глечерите стануваат се подостапни. Сите големи партии се сложија дека треба да се развие искористувањето на природните богатства, но опозицијата го обвини премиерот Купик Клеист дека го турка законот со кој на странските рударски компании ќе им бидат дадени посебни услови.
Според критичарите, законот е прилагоден на инвеститорите од Кина, кои планираат да донесат околу 2000 свои работници во Гренланд.