УНИЦЕФ алармира за состојбата со децата во Сирија

УНИЦЕФ денеска предупреди дека два милиона деца во Сирија би можело да станат таканаречена „изгубена генерација“ поради немањето финансиска поддршка од меѓународната заедница. Во извештајот по повод две годишнината од почетокот на бунтот против режимот на претседателот Башар ал Асад УНИЦЕФ наведува дека не ќе биде во можност од идниот месец да ги спроведува планираните операции во Сирија. Се прецизира дека секое петто училиште во таа земја било уништено. Во досегашниот конфликт загинале околу 70 илјади луѓе.