Северна Кореа се подготвува за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја повика војската да биде максимално подготвена на војна, а печатот во таа земја пренесува дека Пјонгјанг го прогласи за неважечка спогодбата за примирје со која во 1953 година заврши Корејската војна. Во меѓувреме, Обединетите нации порачаа дека не е можно еднострано откажување од спогодбата, која и натаму е во сила. Јужнокорејското министертво за одбрана денеска соопшти дека нема никакви знаци оти Северна Кореа планира напад и оцени дека тоа е обид за психолошки притисок врз Сеул. Јужна Кореа и Соединетите држави вчера почнаа здружена воена вежба која ќе трае две недели.