Во Атина тројката кредитори за грчките реформи

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска попладне ќе се сретне со претставници на меѓународните кредитори на Грција, познати како „тројка“, во обид да постигнат консензус за повеќе структурни реформи, вклучувајќи ја и долго одложуваната рационализација на државната администрација. Постигнувањето консезус е предуслов за отпуштање на следната рата од заемот за спас на Грција во вредност од 2,8 милијарди евра, пред Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас да заминат за Брисел каде што в четврток почнува самит на ЕУ.