Зголемени тензии на Корејскиот полуостров


ООН рекоа дека Северна Кореја не може еднострано да го поништи примирјето од 1953 година со кое заврши Корејската војна. Владата на Северна Кореја нема официјално преземено чекори во оваа насока туку засега станува збор за закани а веста ја објавија и медиумите. Северна Кореја се закани со воена акција доколку продолжат воените вежби меѓу САД и Јужна Кореја според планираното. Тензиите на корејскиот полуостров започнаа откако Пјонгјанг ја одржа третата нуклеарна проба на 12 февруари што предизвика санкции на ООН минатата недела. Сеул одговори ставајќи ги своите трупи во состојба на највисока готовност.