Авганистан:пет жртви во хеликоптерска несреќа

Од НАТО соопштија дека петмина странски војници се убиени во хеликоптерска несреќа во јужниот дел од Авганистан Во соопштението за несреќата која е сеуште под истрага се вели дека во моментот на нејзиното случување немало „непријателски дејствија “. Несреќата се случи истиот ден кога двајца американски војници и петмина авганистански полицајци и војници загинаа во тн инсајдсерски напад од страна на едно лице во авганистанска воена униформа во источниот дел од земјата. Новиот американски секретар за одбрана, Чак Хегел го напушти Авганистан вчера по неговата прва но тешка посета на Кабул.