Никарагва: пресечен ланец на трговија со дрога

Русија и Никарагва пресекоа ланец на трговија со дрога кој испорачувал кокоаин за Европа. Никарагванската полиција соопшти дека со помош на руските власти уапсиле 26 осомничени членови на ланецот. Според инфгормациите на полицијата, осомничените имале врска со бизнисменот Хенри Фаринас од Никарагва, кој минатата година беше осуден на 30 години затворска казна поради трговија со дрога и перење пари.