Русија очекува зголемено производство на хероин во Авганистан

Шефот на руската федерална служба за контрола на наркотици Виктор Иванов на ОН им соопштил дека производството на афион во Авганистан се зголемило за 18 проценти. Говорејќи пред комисијата на ОН за наркотици Иванов рекол дека очекува и производството на афион да се зголеми, откако најголемиот дел од меѓународните сили ќе го напуштат Авганистан во 2014 година.
Според него, откако започнале операциите на странските сили во Авганистан во 2001 година повеќе од милион луѓе во светот умреле од хероин кој потекнувал од земјата.